Вести Македонија Топ вести

(видео)Македонија ќе бара неформални јасни гаранции од земјите членки на ЕУ дека патоказите и Акцискиот план ќе бидат усвоени без проблематизирање

Македонија ќе бара неформални јасни гаранции од земјите членки на Европската унија дека патоказите и Акцискиот план ќе бидат усвоени без проблематизирање, вели министерот за надворешни Бујар Османи. Тој вечерва во Топ Тема кажа дека дури потоа ќе се заврши процесот за промена на Уставот.

„Иако формално чекорите се еден до друг, не би пристапил до последниот чекор на гласање додека не добијам барем неформално за Акцискиот план, бидејќи не сакам уште една тема да отвориме после уставните измени. По уставните измени влегуваме на брза лента, отвораме поглавје. Немаме ни скрининг извештај, како е постапката се завршува скринингот за кластерите кадешто се завршува билатераниот скрининг се прави скрининг извештај. Врз основа на тоа подготвуваме патокази вклучувајќи и Акциски план. Значи Акцискиот план ние го потготвуваме, не ни го наметнуваат. И потоа треба да го одобрат сите земји членки на ЕУ. Ние сигурно ќе добиеме гаранции дека тоа ќе се одобри пред да го завршиме процесот“, рече Османи.

  • Дали тоа значи дека Акцискиот план ќе биде одобрен, пред уставните измени да бидат изгласани?

„Формално може да биде одобрен меѓутоа дека ќе бараме да има согласност од сите пред да се заврши процесот на тоа работиме интензивно со Бојан Маричиќ“, потврди тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе