Поврзете се со нас

Свет

Бразилска ѕвезда имала тешки мисли: Не мислев да се самоубијам, но сакав да се повлечам по неуспехот на СП

Објавено

на

foto:twitter.com/premierleague

Светското првенство е турнир кој секогаш посебно се сфаќа и се доживува во една од најфудбалските нации во светот, па токму поради тоа елиминацијата од Хрватска се доживеа како огромен неуспех во Бразил.

„Кариоките“ имаа највисоки цели на мундијалот во Катар, но доживеаја големо разочарување во четвртфиналето каде беа елиминирани од храбрите Хрвати кои беа подобри во пенал рулетот.

Раното заминување од Катар донесе солзи кај голем дел бразилски фудбалери, но Ришарлисон сега открива дека завршил на психолог за да си ја спаси својата играчка кариера.

– Бев на врвот на својата игра за време на Светското првенство во Катар. Го достигнав својот лимит и бев целосно испразнет после поразот. Пресилно е да се зборува за самоубиство, но бев во тешка депресија и сакав да се повлечам од фудбалот, сакав да се пензионира. Јас сметав дека психички сум многу стабилен, но по Светското првенство како да ми се урна се.

– После тоа, на секој мој нареден тренинг во клубот, размислував колку подобро ќе ми биде дома. Сакав само да седам во својата соба, се сеќавам дека дури и отидов до кај мојот татко и му кажав дека се повлекувам. На крајот, ме спаси психологот, тој ми го спаси животот и кариерата. Претходно мислев дека разговорите со психолози се глупости, но после ова искуство, ги советувам сите да се обратат кај психолог кога ќе почувствуваат проблем, – вели Ришарлисон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни