Анализа: Какви пораки се испратија на митинзите -ВМРО-ДПМНЕ со визија за Горда Македонија, СДСМ со црна кампања

Анализа: Какви пораки се испратија на митинзите -ВМРО-ДПМНЕ со визија за Горда Македонија, СДСМ со црна кампања

Од едната страна визија за горда Македонија, од другата страна црна кампања. ВМРО-ДПМНЕ нуди враќање на достоинството на граѓаните и одбрана на нацонални интереси – СДСМ испорачува сериозни обвинувања дека партијата на Мицкоски и претседателскиот кандидат ја враќаат земјата во балканската кал.

Во недостаток на планови, како Македонија конечно да се издигне, иако Стево Пендаровски имаше пет години да направи нешто, тој најголем дел од почетокот на кампањата посвети на оцрнување на неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова и на опозицијата. Се пофали со влезот на Македонија во НАТО што следуваше по пормената на уставното име и неуспешниот референдум. Вети дека Македонија ќе влезе во ЕУ за неколку години.

Од друга страна, Силјановска Давкова уште пред да почне кампањата најави дека нема да се занимава со противкандидатите туку со презентавција на нејзината програма и визија и за Македонија. Порачува дека за сите клучни прашања во државата мора да се изгради консензус и вети дека ќе ја почитува извршната и законодавната власт но секогаш ќе има свој став, нема да замине надвор без да изгради консензус за најважните државни и национални прашања.

Двата различни концепти со кои настапуваат фаворитите во претседателската трка за дел од аналитичарите не се изненадување особено ако се земе предвид дека Стево Пендаровски бара втор мандат со слаби или речиси никакви резултати, а Силјановска – Давкова како пратеник во изминатите четири години покажала колку и што може да направи.

Два дијаметрално спротивни концепти. Пендаровски имаше можност пет години да го направи имиџот, сега продавањето магла ЌЕ ЌЕ не држи вода. Одлика на Пенд и СДСМ е зборот ЌЕ за разлика од ВМРО-ДПМНЕ најголеми шанси да биде претс, изнесе пораки дека голем дел ќе се остварат, треба да се врати имиџот на Македонија, и изјавата на Агелер укажува каков имиџ има Македонија се заснова на овие што се сега на власт и тековниот претседател така што нејзината порака се кажува, вели Синиша Пекевскианалитичар.

И анкетите и расположението на граѓаните, но и незадоволството од досегашните структури во власта покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи 100:0. Според аналитчарите овие избори само ќе бидат прашање, со колку гласови ќе изгуби СДСМ.

Објективно е да се размислува во правец дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи 100:0 не е прашање кој ќе победи, на овие избори е прашање со која разлика ќе победи. Имаме избори кои во суштинско квалитативна смисла многу релативни немаме некои нови ветувања нема нови ликови нема нешто ново што навистина може да не поттикне. Овие избори се мешање на стар шпил карти. Ние, и политичкиот естаблишмент и државниот апарат не сфатат дека мора да се соработува да се обедини, вели Агим Јонуз – аналитичар.

Претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски – под слоганот „Максимум за Македонија“ вчера ја започна кампањата од Крушево и вети поодолжување на европскиот пат со заштита на државните интереси. Кандидатот на ДУИ, кој се претставува како иден европски претседател а не претседател на Македонија својата кампања ја започна од пред Вила Водно, каде има амбиции да се всели после 12ти мај. Стевчо Јакимовски од Тетово порача дека ќе го сменел црно-белиот свет на СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска, кандидатката на Левица од Струмица вети дека ќе биде претседател на сите граѓани, на сите сиромашни, обесправени, дискриминирани, а Арбен Таравари кандидат на Коалицијата ВРЕДИ, од Дебар го повтори неговиот план за бришење на ставката 20% од Уставот која се однесува на албанскиот јазик и претседателот на Македонија да се избира во Собранието.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста