Англија
Невил: Глејзерови имаат последна шанса да го подобрат впечатокот кај фановите на Јунајтед
Фамилијата Глејзер веќе потврди дека е расположена да разгледува понуди за продажба на Манчестер Јунајтед, сценарио кое барем на почетокот ги израдува фановите на клубот.
Тие одамна протестираа поради начинот на кој американските бизнисмени менаџираат со Јунајтед, но истовремено и продажбата значи дека треба да се биде претпазлив во однос на следниот сопственик.
Тоа го потенцира и Гери Невил, кој како поранешен играч и голем фан, побара Глејзерови да ги вклучат фановите во процесот на продажба.
– Ова е многу важен момент.
– Глејзерови никогаш нема да можат да заминат со симпатии од фановите, но барем можат да го подобрат впечатокот ако постапат исправно.
– Очекувам наредниве месеци да имаат комуникација со фановите во однос на тоа на кого ќе му го препуштат клубот, – порачува Невил.
Актуелните сопственици го купија Манчестер Јунајтед во 2005 година за 790 милиони фунти. „Црвените ѓаволи“ немаат освоено титула од 2013 година, а последниот трофеј беше тој во Лига Европа во 2017 година.
-
Англијапред 20 часа
Карагер откри за кого ќе навива во дербито: Ако Арсенал…
-
АТПпред 7 часа
Димитров повторно го надигра Алкарас и обезбеди полуфинале во Мајами (ВИДЕО)
-
Италијапред 20 часа
Интер ќе ја промени стратегијата со Инѕаги
-
Евролигапред 18 часа
Како навивачите на Партизан го дочекаа Кукоч во Белград (ВИДЕО)
-
НБАпред 23 часа
Играч на Филаделфија не доби фаул во нападот за победа, па режираше луда сцена со судиите (Видео)
-
Германијапред 19 часа
Хенес знае кој клуб ќе го води Алонсо во наредната сезона
-
Евролигапред 9 часа
Неверојатно: Де Коло го постигна најлудиот кош во оваа сезона во Евролигата (ВИДЕО)
-
Евролигапред 21 час
Верува во Партизан: Ѓоковиќ посочи кои екипи ќе се пласираат на завршниот турнир во Евролигата