Поврзете се со нас

Англија

Голман со визија на врвен плејмејкер: Едерсон го извади од игра цел тим на Брајтон (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Едерсон Мораеш ја санираше повредата која ја заработи против Ливерпул и се врати за клучниот дел од сезоната во Премиер лигата, период во кој Манчестер Сити ќе брка апсолутен рекорд.

Тимот на Пеп Гвардиола се обидува да стане првиот кој освоил четири последователни титули во англиската елита, а со победа како онаа вчера на „Амекс“, „граѓаните“ се се поблиску до тоа.

Сити славеше со 0:4 и јасно стави до знаење дека сега целиот фокус е ставен на Премиер лигата, откако минатата недела тимот испадна од Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

„Граѓаните“ со три гола во првиот дел ја најавија победата против Брајтон, а истата ја потврди Аргентинецот Алварез со гол во второто полувреме.

Интересно, креатор на оваа акција за 0:4 беше голманот Едерсон, кој уште еднаш демонстрираше дека има „снајпер“ во левата нога. Бразилецот го извади од игра цел тим на Брајтон и го пронајде Вокер, кој потоа додаде до Алварез кој го постави конечниот резултат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни