Пријовиќ руши рекорди: Заработи 590.000 евра само од Интернет

Александра Пријовиќ за девет месеци од последниот албум „Devet života“ заработи 590.000 евра! Во јуни минатата година, фолк ѕвездата објави албум со девет нови песни, со што ги урна сите рекорди на прегледи на YouTube и Spotify. Нејзините најголеми хитови „Dam dam dam“, „Placebo“, „Psycho“… имаат дури 252.078.683 прегледи на YouTube, додека на Spotify се преслушани 31.190.000 пати.

„Прија толку многу заработува од YouTube и Spotify што воопшто не мора да прави концерти! Покрај бројните арени кои ги полнеше до последно место, нејзиниот вртоглав успех се одразува и на многу дигитални платформи. Само песната „Dam, dam, dam“ досега има повеќе од 67 милиони прегледи на YouTube, а по неа е „Psycho“ со 43.605.919 прегледи, додека сите други песни имаат по девет милиони. Сите девет песни досега собрале 252.078.683 прегледи! Еден преглед на YouTube чини во просек 0,002 евра, што значи дека Прија досега само од YouTube заработила 504.157 евра“, вели експерт за дигитални платформи.

Без разлика на големата популарност на албумот „Devet života“, Александра подготвува нов, кој најверојатно ќе се најде во продажба кон крајот на пролетта или на почетокот на летото оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e