Тајван беше погоден од два многу силни земјотреси во период од неколку минути

од Симе Стоиков

Тајван за неколку минути го погодија два земјотреси, првиот беше со јачина од 6,1 степени, а вториот со измерени 6,0 степени според Рихтеровата скала, пренесува EMSC.

Како и првиот, така и вториот земјотрес се случи во близина на градот Таичунг.

Првиот удар се случил во 02:26 часот, а вториот во 2:32 часот по локално време.

Земјотресот во 2.26 часот бил на длабочина од 11, а тој што следел шест минути подоцна на длабочина од седум километри.

Интересно е што во 2 часот и 12 минути е регистриран земјотрес со јачина од 4 степени, исто така во близина на Тајчунг. Засега нема извештаи за евентуални штети или жртви.

Слични содржини