Фудбалот доминира, но во денешниот Супер тип на Sport Life може да се најдат мечеви со зголемени коефициенти и од тенисот и кошарката. Данил Медведев е фаворит и да победи против Арналди му се дава коефициент од 1.55, а за Николас Јари од Чиле да го победи Италијанецот Флавио Коболи е со квота од 1.65.
Денвер нагетс води со 3:0 во победи против Лос Анџелес лејкерс и за да има „метла“, односно актуелниот првак да стигне до четвртиот триумф во низа против Лејкерси и тоа на гостински терен му се дава квота од 1.74.
Од фудбалскиот дел, победа на Баерн Минхен против Ајнтрахт е со супер интересна квота од 1.55, а по 1.70 е на домашен терен да слават Лајпциг и Манчестер јунајтед. Фенербахче е фаворит во дербито против Бешикташ, Бенфика треба да ја добие Брага, а Лацио на „Олимпико“ да ја победи Верона.
Од сите понудени фудбалски пресметки, единствено за Ливерпул и Жирона се очекува да се радуваат на гости. Црвените играат на теренот на Вест хем, а најпријатното изненадување во Шпанија гостува на Лас Палмас.