Connect with us

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“од магазинот Global Finance

Објавено

на

За „Најдобра банка во Северна Македонија за 2024 година“ е прогласена Комерцијална банка. Угледниот магазин Global Finance по 13-ти пат ѝ го додели престижното признание на Комерцијална банка затоа што ја препозна како банка која им обезбедува на клиентите широка понуда на производи и услуги и иновации кои значат бенефит и задоволство за нив.

И во услови на динамични промени и новитети во сегментот на банкарската индустрија, Комерцијална банка успеа да одржи брз чекор со дигиталните трендови и иновации и на најефикасен начин да ги задоволи потребите на клиентите.

Горда на своите постигнувања, Комерцијална банка ја смета оваа награда за уште едно врвно признание за успешното работење и одличните финансиски резултати. Со оваа награда Комерцијална банка повторно се вброи во друштвото на најдобрите банки во над 150 држави во светот, избрани во рамките на 31-то издание на годишните награди на Global Finance.

За менаџментот и за вработените во Банката наградата „Најдобра банка во Северна Македонија за 2024 година“ е уште еден мотив плус да продолжат со следење на деловниот модел кој гарантира заеднички успех и просперитет.

„Континуираната посветеност на задоволството и корисничкото искуство на клиентите, силните финансиски перформанси и исклучителниот придонес за заедницата се она што нѐ радува и нѐ мотивира секој ден да продолжиме кон уште поголеми достигнувања и подобри резултати. Не недостигаат новите предизвици затоа што дигитализацијата и иновациите во финансискиот свет се трендовите кои будно и динамично ги следиме. Во името на Управниот одбор упатувам благодарност до почитуваното стручно жири на Global Finance што ги препозна и награди целокупните резултати на Комерцијална банка“, изјави по повод наградата Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Според Global Finance, традиционално победници се банките кои внимателно ги следеле потребите на клиентите, постигнале силни резултати и управувале со своите средства и обврски на разумен начин во услови на брзо менливи каматни стапки.

„Банкарството достигна уште еден пресвртен момент со дебито на генеративната вештачка интелигенција, која ветува дека ќе ја преобрази индустриската игра. Во ова променливо опкружување, наградите за најдобра банка ги препознаваат финансиските институции кои нудат најширок опсег на услуги, долгорочна доверливост и технолошки иновации“, изјави Џозеф Д. Џиарапуто, издавач и уреднички директор на Global Finance.

Остварените резултати на банките ги оценуваат извршни финансиски директори, банкари, банкарски консултанти и аналитичари од целиот свет. Клучни објективни критериуми за оценување се раст на актива, профитабилност, географски опсег, стратешки односи, нов бизнис развој и иновации во производи. Дополнително, во оценувањето се применуваат и субјективни критериуми кои ги вклучуваат мислењата на истакнати аналитичари на капитал и кредитен рејтинг, банкарски консултанти и на останати експерти од финансиската индустрија.

Магазинот Global Finance е основан во 1987 година во Њујорк и има 50.000 читатели од 193 земји, а особено е профилиран во корпоративниот и финансискиот свет. Вообичаено избира најдобри банки и останати финансиски институции, а доделените награди се сметаат за стандард за извонредност од страна на меѓународната финансиска заедница.

Комерцијална банка е горда што во последните пет години редовно е добитник на признание за најдобра банка во земјава од страна на угледни меѓународни магазини, како што се The Banker, Euromoney и Global Finance. Тие се признание за лидерството и успехот што го покажува Банката во сите сегменти од своето работење.

Домашни банки

Стопанска банка АД Скопје со зголемена добивка за 17% во првиот квартал на 2024 година

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје во првиот квартал од 2024 година продолжи со остварување солидни резултати и висока профитабилност.

Добивката пред оданочување и резервации во анализираниот период изнесува 1.345.050 илјади денари, што е 17 % повеќе споредено со претходната година. Задржувајќи го високо прудентниот пристап во однос на управување со квалитетот на кредитното портфолио, во истиот период Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 387.330 илјади денари. Со тоа, добивката на Банката пред оданочување на 31.03.2024 година изнесува 957.720 илјади денари и во однос на истиот период од минатата година е повисока за 23 %. Во најголем дел, ова е резултат на зголемените приходи по сите основи поради зголемувањето на обемот на деловните активности.

Нето-приходите од камати изнесуваат 1.565.359 илјади денари и се зголемени за 21% во однос на истиот период од минатата година, како резултат на кредитните активности и вложувањето на вишокот ликвидни средства во првокласни инструменти.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 213.431 илјади денари и се зголемени за 3% во однос на анализираниот период во 2023 година, што се должи на зголемен обем на активности, односно зголемен обем на испорачани услуги на клиентите, од кои најмногу во делот на услугите во платниот промет и картичното работење.

Вкупната актива на Банката во анализираниот период изнесува 129.303.255 илјади денари.

Капиталот и резервите изнесуваат 26.626.451 илјади денари, што претставува зголемување за 3% во однос на крајот на 2023 година. Дополнително, Банката пренамени износ од 2.460.000 илјади денари од задржаната добивка од претходни години во добивка ограничена за распределба на акционерите во иднина, со што се зголемија сопствените средства и стапката на адекватност на капиталот, која на 31.03.2024 година изнесува 19%.

Во следниот период се очекува продолжување на деловните активности во согласност со дефинираниот деловен план на Банката со целосна ориентираност кон поддршка на клиентите, прудентно управување со ризиците и одржување на високата стабилност, сигурност и ефикасност во сите сегменти од нејзиното работење. Исто така, Банката продолжува со реализација на започнатите проекти, пред сè, во делот на дигитализацијата, како и подготовка на понуда на нови услуги. Секако, фокусот останува на редовното и ефикасно извршување на основните деловни активности, одржување на лидерското пазарно учество од околу 27% во сегментот на кредитирање на населението, со фокус за натамошно зголемување на пазарното учество во делот на кредитирање на компаниите.

Оваа година Стопанска банка прославува 80 години од основањето и следствено целиот натамошен период ќе биде исполнет со многубројни новитети и изненадувања на задоволство на нашите клиенти и соработници, но и на пошироката заедница.

Продолжи со читање

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 1 мај 2024 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 1 мај (среда) поради прослава на 1 Мај – Денот на трудот.

“Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка, велат од Комерцијална банка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври и Лептокарија и во експозитурите во Дебар, Неготино и во Охрид.

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка: Во тек е исплатата на пензиите за месец април

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје започна со исплата на пензиите за април од денес (вторник – 30.04.2024 година).

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија може да располагаат од денес – вторник 30.04.2024 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 30.04.2024 година ќе може да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.

Повеќе филијали и експозитури на Комерцијална банка им овозможуваат на клиентите трансакции преку шалтер до 17 часот, со што бројни шалтери им се достапни со најдолго работно време на пазарот од понеделник до петок. А, секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и повеќе експозитури во Скопје работат од 9 до 12 часот, додека експозитурата во East Gate mall, пак, е отворена до 14 часот.

Продолжи со читање

Популарно