Екстремни горештини на Филипините, измерени 47 степени: Веројатно ќе биде уште полошо

од Симе Стоиков

На Филипините тлеат екстремни горештини, поради што илјадници училишта ја откажаа наставата, а властите ги предупредуваат граѓаните што помалку да престојуваат надвор.

Март, април и мај вообичаено се најтоплите и најсушните месеци на Филипините, но условите оваа година се влошија поради временскиот феномен Ел Нињо.

„Толку е жешко што не можете да дишете“, вели Ерлин Тумарон, 60-годишник кој работи во приморско одморалиште во провинцијата Кавит, јужно од Манила, каде што температурата во вторникот беше 47 степени.

Министерството за образование, кое управува со повеќе од 47.600 училишта во земјата, објави дека речиси 6.700 училишта ја прекинале наставата.

Според метеорологот Ана Солис, има 50 отсто шанси горештините да бидат уште полоши во наредните денови.

„Мораме да го ограничиме времето што го поминуваме надвор, да пиеме многу вода, да носиме чадори и капи“, изјави Солис за АФП, наведувајќи го Ел Нињо како причина за „екстремната топлина“ што зафати делови од земјата.

Сушата е официјално прогласена во околу половина од провинциите во земјата.

Слични содржини