Баер Леверкузен сега е рамо до рамо со легендарните екипи на Милан и Ајакс, цел е апсолутниот рекорд

Баер Леверкузен со 2:0 го победи Вест хем во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на Европа, со што Фармацевтите остануваат единствен непоразен тим во Топ 5 лигите сезонава. Тимот предводен од Чаби Алонсон сезонава одигра 42 меча, во кои има 37 победи и само пет нерешени средби, без ниту еден пораз, во сите натпреварувања.

Со овие 42 натпревари, Баер Леверкузен се израмни со легендарните тимови Милан на Ариго Саки од 90-тите години на минатиот век и со Ајакс од 1995 година предводен од Луи ван Хал, коишто имаа 42 средби без пораз.

Од европските екипи коишто имаат подолги серии без пораз во сите натпреварувања од оваа на Баер Леверкузен се само неколку. Јувентус од сезоната 2012/2013 имаше 43 меча без пораз, Ренџерс со 44 меча без пораз (1992/1993), Динамо Загреб 45 меча (2014/2015), Риека 45 (2016/2017), како и апсолутниот рекорд на Бенфика, која имаше 48 натпревари без пораз, и тоа во ерата на легендарниот Еузебио, од пред шест децении.

До крајот на сезоната Баер Леверкузен ќе одигра минимум девет средби, а максимум 12 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести