НАСА побрза да објасни за што станува збор: Мистериозен објект „падна“ од небото, пробивајќи го покривот и два ката од куќа во Флорда

1724
Фото:принтскрин/Х

Мистериозниот објект што падна „од небо“ на дом на Флорида на 8 март всушност е парче вселенски отпад, објави НАСА. Вселенската агенција навела дека се работи за цилиндрично парче метал, тешко 0,7 килограми, високо 10 сантиметри и широко 4 сантиметри, пренесе Си-Би-Си.

Заклучено е дека се работи за парче вселенски отпад што е фрлено од Меѓународната вселенска станица (ISS) во 2021 година, односно метална потпора за поставување на стари батерии на товарен контејнер. Канистерот беше исфрлен од вселенската станица пред три години и се очекуваше товарот целосно да изгори по повторното влегување во атмосферата на Земјата, но едно парче преживеа.

„Произведе ужасен звук“

Објектот го пробил покривот и потоа поминал низ 2 ката од домот на Алехандро Отеро во градот Неапол на југозападниот брег на Флорида. Веднаш е однесен на анализа во вселенскиот центар Кенеди во Кејп Канаверал. Отеро изјави за телевизиската станица WINK дека предметот испуштал „ужасен звук“ и за влакно го промашил неговиот син.

 

 

„Се тресев. Бев во потполно неверување. Какви се шансите нешто да слета на мојата куќа со толкава сила и да предизвика толкава штета. Многу сум благодарен што никој не беше повреден“, рече тој.