Арсовска: За мене не е загрижувачко што приватните превозници не се пријавиле на повикот


Приватните превозници плаќаат повеќе од половина милион евра за нивните автобуси да бидат стационирани, да стојат и да не се вклучат во градскиот сообраќај, а на двата јавни повици од Град Скопје, не се пријави никој.

Сепак, градоначалничката Данла Арсовска вели дека за неа не е загрижувачко што приватните превозници не се пријавиле на огласот.

– Тие имаа шанса, имаше повик и не се пријавија. Зошто не се пријавиле на повик? Судот ќе утврди дали Град Скопје има долг кон нив – вели Арсовска, потенцирајќи дека кој и да го направи ова, во кое и да е време, ќе има исти реперкусии.

 

Појасни дека доколку под 80 проценти не возат во текот на еден месец, автоматски се раскинува договорот.

– Самите предизвикаа таква ситуација, кога поради протест, не возеа повеќе од половина месец – рече Арсовска, а претходно со месеци не остварувале минимум 80 отсто превоз.

Смета дека граѓамните сакаат да се возат во пристојни автобси, кои се еколошки, а такви ќе се набават доколку Советот на град Скопје го одобри кредитот кој градоначалничката го бара за набавка на нови автобуси. Кредитот ќе се зема од домашните банки, за да се избегнат каматите и провизии.

Се планира, доколку Советот изгласа кредит, ќе се набават нови автобуси до крајот на годината.