ДЕСЕТИЦИ ТОРНАДА ПОМИНАА НИЗ ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕЛ НА САД, НАЈМАЛКУ ПЕТМИНА ЗАГИНАТИ

    ДЕСЕТИЦИ ТОРНАДА ПОМИНАА НИЗ ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕЛ НА САД, НАЈМАЛКУ ПЕТМИНА ЗАГИНАТИНајтешко е погоден градот Сулфур во Оклахома, каде што цели домови се срамнети со земја (Фото: АП)

    Најмалку пет луѓе загинаа, вклучувајќи четиримесечно бебе, откако десетици торнада помина низ централниот дел на САД, предизвикувајќи сериозни штети. Десетици илјади луѓе останаа без струја откако бурите почнаа во петокот.

    Досега е потврдено дека четири лица загинаа во сојузната држава Оклахома, а едно во Ајова.

    Националната метеоролошка служба објави дека некои торнада имале налети од 218 километри на час. Особено тешко е погоден градот Сулфур во Оклахома, каде што цели домови се срамнети со земја. Во оваа сојузна држава има и повеќе од 100 повредени.

    Ќе се кренеме, ќе исчистиме и повторно ќе изградиме. Сепак, ова се најголемите штети кои ги имам видено откако сум гувернер. Уништувањето е неверојатно“, изјави гувернерот на Оклахома, Кевин Стит, при посетата на Сулфур.

    Ова уследи откако повеќе од 70 торнада ги погодија Небраска и Ајова во петокот. Најголем дел од нив биле околу градот Омаха.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира