Ирската фудбалерка е чудо, изведе аут каков што не можат да изведат ниту мажите (Видео)

Во квалификациите од Лигата на нациите во женска конкуренција репрезентацијата на Англија со 2:0 славеше на гостувањето кај Република Ирска и на тој начин ја оправда фаворитската улога пред мечот.

Џејмс во 12 минута и Гринвуд шест минути подоцна погодија за Гордиот Албион, а Гринвуд имаше шанса за уште еден погодок, но промаши пенал во 30-тата минута, утка која не значеше премногу.

Покрај погодоците на гостинските фудбалерки, во фокусот на овој меч беше потегот кој се случи во 60-тата минута. Беше досуден аут за Република Ирска, а Меган Кембел реши да го изведе аутот. Иако се работеше за аут некаде околу средината на теренот, голем дел од фудбалерките се преселија во шеснаесетникот на Англија. Аутот беше изведен така што топката леташе речиси 40 метри и заврши пред петерецот на голот на Англија.

За среќа на гостинските фудбалерки, топката беше исфрлена далеку, опасноста остранета, но остана чудењето како една девојка успеа толку далеку да ја исфрли топката од аут, нешто што не го можат најголем дел од фудбалерите.

Не токлку одамна во Премиер лигата, во Стоук играше Рори Делап, кој можеше да изведе аут со фрлање на топката толку далеку како сега што направи Меган Кембел.

This insane long throw taken by Megan Campbell against England-W
byu/oklolzzzzs insoccer

- Оглас -

Најнови вести