📷Пронајдени две гранати во Кратово и Куманово

од Симе Стоиков

Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ) информираше дека кај нив било пријавено, а потоа и интервенирано за две експлозивни средства.

-На ден 15.04.2024 г. од страна на ОВР – Кратово беше пријавено за пронајдена рачна граната која датира од Првата Светска Војна, на лице место е излезен пиротехничар од ПОЗС-Куманово кој изврши увид на гранатата и истата е остранета и однесена на бесбедно место.

Истотака на ден 16.04.2024 г. по пријава на СВР-Куманово за пронајдена артилериска граната од 75мм калибар, истата е отсранета од пиротехничар на ПОЗС-Куманово.

Неексплодираните убојни средства (НУС) се однесени на безбедно место и истите ќе се ништат од страна на пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Слични содржини