Денеска е последен ден од кампањата пред долгоочекуваните двојни избори каде Македонија ќе избере претседател, но и нов парламентарен состав.

Вечерва на полноќ завршуваат партиите со кампањата и започнува предизборен молк.

Во меѓувреме, материјалите се распределија од битолскта печатница „Киро Дандаро“ низ цела Македонија.

Избирачките места во среда, на 8 мај се отвораат во 7 часот и ќе бидат отворени до 19 часот.

Според сите анкети и по победата со 180.000 гласови разлика извесен победник за претседател е Гордана Силјановска Давкова пред Стево Пендаровски. За нов парламентарен состав, фаворит за нова влада е ВМРО-ДПМНЕ предводено од Хрисијан Мицкоски.

Патем, лидерот на СДСМ веќе како да се навикнува на опозиција.

(ВИДЕО) Од „победа, победа“ до „Силен СДСМ во Собранието“: Последни пет дена од кампањата за претседателските и парламентарните избори