Османи ги откажа денешните партиски активности поради здравствени причини во семејството

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт, Бујар Османи ги прекинува денешните предизборните активности поради здравствени причини во семејството.

„Почитувани поддржувачи, Од здравствени причини во семејството ќе ги прекинам денешните предизборни активности. Се надевам дека ќе бидам со вас на централниот состанок вечерва ако се биде во ред. Ви благодариме за разбирањето!“, напиша Османи.

Претседателскиот кандидат на ДУИ и коалицијата „Европски фронт“, Бујар Османи, претходно од митингот во Дебар порача дека од позиција на шеф на државата може да го заврши евроинтеграцискиот процес на земјава во рок од пет години.

Тоа, како што кажа, ќе го стори благодарение на знаењето, искуството и контактите низ светот.

Текстот Османи ги откажа денешните партиски активности поради здравствени причини во семејството е превземен од МАКФАКС.