Шкупи го промовираше Ернест Ѓока како нов тренер: „Среќен сум што доаѓам во елитен македонски тим“

Поранешниот тренер на тетовска Шкендија, Ернест Ѓока и официјално промовиран како нов тренер на Шкупи во обидот да го донесе тимот до шампионската титула сезонава.

По разделбата со Младен Жижовиќ кој не издржа на клупата на чаирчани по елиминацијата во Купот на Македонија од Тиквеш и гостинското реми со Силекс, Шкупи довербата да го води тимот му ја додели на 54-годишниот албански стратег. Договорот со Ѓока е до јуни 2025 година.

Ѓока претходно во својата кариера беше и тренер на албанските суперлигаши Кукс, Влазнија и Фљамуртари, а последниот негов ангажман беше во тимот на Оход во Саудиска Арабија.

Се вчитува...