Шакира: Ја ставив кариерата во мирување за да го поддржам бившиот партнер

Колумбиската пејачка Шакира изјави дека ја ставила својата кариера во мирување на долго време за да биде со нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике додека тој играше фудбал за Барселона.

„Долго ја ставив кариерата во мирување, да бидам покрај Жерар, за да може да игра фудбал. Имаше многу жртви заради љубовта“, изјави Шакира.

Латино поп ѕвездата и поранешниот професионален шпански фудбалер беа заедно 11 години, за време на кои имаа две деца, пред да ја објават својата разделба во јуни 2022 година, пишува Sky News.

Шакира (47) треба да го објави својот прв албум по седум години, „Las Mujeres Ia No Lloran“, што во превод значи „Жените не плачат повеќе“, а така се вика и нејзиниот сингл во кој таа се потсмева на својот поранешен – партнер.

„Имаше толку многу делови од мојот живот што пропаднаа пред моите очи и морав некако да се обновам, да ги подигнам коските од подот и да ги спојам сите заедно. А лепилото што го држеше сето тоа заедно беше музиката“, истакна Шакира.

Scroll to Top