МВР објави детали за Вања – Има протези, бемка на десната страна од лицето, носи црна јакна

0
173

Министерството за внатрешни работи попладнево со фотографија и опис ја објави Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица на Македонија.

Министерството за внатрешни работи вчеравечер потенцираше дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на девојчето уште од моментот на пријавување за нејзиното исчезнување од страна на нејзината мајка, која случајот во полиција го пријави вчера во 08:35 часот.

За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта, се вели во соопштеието од МВР.

Оттаму апелираат да не се шират дезинформации и дека МВР постојано ќе ја информира јавноста до пронаоѓање на малолетничката.