25.8 C
Скопје
12:17 - 21 мај, 2024

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ по разводот на родителите донел неочекувана одлука, пејачката веднаш се огласи

Откако пејачката Драгана Мирковиќ соопшти дека се разведува по 24 години брак од бизнисменот Тони Бијелиќ, нивните деца Мануела и Марко во повеќе наврати покажаа дека се со својата мајка.

Така, прво Марко го отследи својот татко Тони од Инстаграм, а потоа децата ја однесоа Драгана во Венеција.

Сега пејачката одлучи да го поддржи својот син во бизнисот. Станува збор за изнајмување лимузини или удобни комбиња со или без возач во земјата и странство, без разлика дали сакате да стигнете на состанок или по слетување на аеродромот за да стигнете дома.

Драгана објавила видео од новиот бизнис на својот син, а потоа кратко и гордо напишала:

– Мој.

Инаку, Драгана неодамна одговори на шпекулациите дека нејзиниот син станал естраден менаџер.

– Се пишуваше за тоа, но не е точно. Не треба да се занимава со тоа, иако студира на факултет кој има врска со менаџмент, но многу ми помага. Запишува некои работи за јас да не ги заборавам. Тој е многу сериозен во сè што прави – рекла Драгана за „Гранд“.

 

Слични објави

(Видео) Кејт Мидлтон почна да снима филм: Јавноста шокирана од потезите на принцезата

еспресо

Харис Џиновиќ прозборе за новата девојка: „Питата е готова“

еспресо

Астропрогноза за вторник, 21 мај: За девиците иритација, за скорпиите несогласувања со саканите

еспресо

МакеДокс – Повик за Докуникулци 2024

еспресо

Згодна пејачка јавно му се додворува на Харис Џиновиќ: Еве што мисли тој за неа

еспресо

Среќлии на неделата: Три хороскопски знаци кои ќе имаат голема среќа до 26 мај

еспресо
Се вчитува....