ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Муцунски: Овој ден е почеток на крајот на оваа власт

ВМРО-ДПМНЕ им честиташе на граѓаните за масовната излезност на првиот круг од Претседателските избори и оцени дека изборниот процес поминал добро.

Во првата изјавата по затворањето на гласачките места Тимчо Муцунски во изјава за медиумите рече дека набљудувачите регистрирале некои неправилности, вклучувајќи притисок врз гласачи во Сарај, како и случајот со немањето печат во Куманово. Исто така, според него, нерегуларности се нотирани и на неколку изборни места во Куманово и семејно и колективно гласање.

– Овој ден е почеток на крајот на оваа власт, изјави Муцунски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button