Search

EDU CUTS филмски работилници за млади креативци од Западен Балкан

Во склоп на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, мрежата EDU CUTS објавува повик за млади филмаџии кои сакаат да го збогатат своето знаење за полесно снимање на нивните први филмови. Ова е единствена можност за младите таленти од Западен Балкан да ги развиваат и снимат своите први кратки филмови со поддршка од филмски експерти.

Повикот се однесува на млади креативци на возраст помеѓу 15 и 25 години, кои имаат идеја или сценарио за снимање на краток филм.

Првата работилница ќе почне во втората половина на мај со повеќе учесници и ќе се реализира во 5 работни дена во тек на 2 седмици.

Во јуни на втората работилница ќе се квалификуваат најдобрите проекти од првата работилница како и понапредни проекти кои се спремни за продукција и ќе може да се пријават дирекно за втората работилница.

Двете работилници ќе се одвиваат онлајн преку ZOOM платформата.

Учеството на работилниците вклучува едукација, интеракции со експерти и врсници од земјите од Западен Балкан кои споделуваат заеднички интереси во производството на видео содржини со подготвеност за тимска работа под надзор на менторите.

Најдобрите три проекти ќе добијат поддршка со бесплатно користење на опрема за снимање за снимање на нивните кратки филмови.

Мрежата EDU CUTS опфаќа филмски фестивалиски организации кои се фокусирани на промоција и имплементација на едукација и мобилност на младите таленти.

Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

Најново

Последни колумни