Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова е победник во вториот круг од претседателските избори. По преброени 95 отсто од гласачките ливчиња, Сиљановска Давкова освоила 545.651 или 65,14%, а нејзиниот противкандидат Сево Пендаровски од СДСМ освои 245.118 или 29,26% .
Во Општина Битола за Силјановска-Давкова гласале 30.787 или 66,01%, а за нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски 13.497 или 28,94%.
„Јас тврдам дека ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани. Тоа значи на сите етнички групи, на сите членови на партиите, на оние кои не се во партиите, бидејќи не може ниту еден претседател да трага по единство, ако држи партиски линии“, изјави кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова.
Се согласи со Пендаровски во критиката на бојкотот и на обидот да се киднапира гласачкото право на граѓаните за што рече дека е добра констатација. Не се согласувам со тезата дека гласовите сум ги добила со набој на национализам. Упати порака дека ќе соработува со соседите и дека не е време за ставање вето.
„Да се обидеме да ставиме крај на балканизацијата, да се обидеме да си помагаме едни на други и да бидеме политичари. Ние мораме да почнеме меѓу себе да се разбираме, да се помагаме, да не посегаме по вето туку да посегаме по поддршка. Моите патишта прво водат на Балканот, а се разбира Брисел тука е неизоставен“, рече Силјановска- Давкова.