Редакцијата на Лидер.мк следи како се пренесуваат нашите избори во регионот, а во услови на македонско – бугарска тензија следиме како тамошните медиуми ја следат изборната атмосфера тука.

Реномираниот бугарски медиум „Дневник.бг“ направи анализа на изборите во Македонија за претседател. Оттаму, пишуваат дека реизборот на Стево Пендаровски е „далеку од сигурен“, а според анкетите дека Силјановска е во водство.

Од бугарскиот медиум пишуваат дека: Анкетите во најголем дел претпоставуваат дека Гордана Силјановска-Давкова ќе води во првиот круг. Што и да се случи во вториот круг, борбата ќе биде понеизвесна од онаа што ја доби Пендаровски во 2020 година.

Оттаму потсетуваат за претходните избори во Македонија.

Претходните избори беа судир меѓу тројца кандидати – на Пендаровски и на Силјановска-Давкова им се придружи и етничкиот албански интелектуалец Блерим Река. Но, тој беше кандидат на „Беса“ и на Алијансата на Албанците, кои и тогаш беа во опозиција; Демократската унија за интеграција (ДУИ) не постави кандидат, а најголем дел од гласовите на нејзините гласачи отидоа за Пендаровски, пишува бугарски Дневник.

Се осврнуваат и на албанската опозиција, а и за можната коалиција на истата со ВМРО-ДПМНЕ. Додаваат дека е можно ДУИ да го поддржи Пендаровски во вториот круг.

Сега коалицијата ВЛЕН (на македонски во превод „Вреди“ или „Заслужува“, како што албанскиот акроним на нивното движење има слично значење) упатува барања по претстојните парламентарни избори да може да работи со ВМРО-ДПМНЕ, партијата зад Силјановска. а помошта од ДУИ за Пендаровски може да дојде дури во вториот круг. Некои студии гледаат еднакви шанси, други – победа на Силјановска, заклучува бугарскиот медиум.