Breaking News

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја


Властите потфрлија во еден од клучните економски принципи на пазарната економија, особено во земја која цели кон членство во Европската Унија, а тоа е обезбедување конкурентност.


Во магла, далеку од очите на јавноста, се спроведе изборот на универзален снабдувач за електрична енергија. Од Владата соопштија дека на последната седница била избрана најповолна понуда и како што додаваат, во „соодветната постапка е избрана понудата доставена од групата понудувачи ЕВН Македонија“. Сепак, деталите за тоа зошто останатите две компании кои доставија понуди на повикот од декември не биле вклучени во трката, се држат во тајност, пишува А1.он.


Неофицијално, силен политички притисок стои зад елиминацијата на конкурентите пријавени на огласот, па од тие причини надлежната комисија препорачала само една компанија да продолжи понатаму.

Најголема конкуренција на ЕВН Хоум претставуваше ЕДС, зад која стои државната грчка компанија ППЦ. Поради доброто салдо на грчката компанија, се очекувало ЕДС на негативното наддавање да понуди далеку пониска маржа од ЕВН. Според неофицијални извори, воопшто не постоеле основани правни околности со кои може да се оправда исклучувањето од учество на јавната аукција на компанија зад која стои капиталот и корпоративниот имиџ на државната грчка компанија ППС.


За целиот текст на А1.он.