Поврзете се со нас

Шпанија

Гудељ со емотивна порака им се заблагодари на лекарите кои го спасија животот на неговиот брат (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/CordobaCF_ofi

Драгиша Гудељ вчера го доживеа најголемиот шок во животот и буквално се бореше за воздух на мечот кој го играше неговата Кордоба, а кој на крајот беше откажан и суспендиран поради алармантната здравствена состојба на Србинот.

Братот на далеку попознатиот Немања Гудељ колабираше на теренот и беше вратен во живот после направена реанимација на теренот, по што ургентно беше пренесен на интензивно одделение во болницата „Кралица Софија“.

По цела ноќ мината под опсервација, Драгиша е стабилизиран и веќе застанал на свои нозе во болницата, па по објавената слика од Кордоба, со емотивна порака се јави и српскиот репрезентативец Немања кои им се заблагодари на лекарите кои го спасија животот на неговиот брат.

– Сакам да искажам искрена благодарност од себе и моето семејство, за укажаната поддршка и грижата за здравствената состојба на Драги. Животот на мојот брат продолжува да чука, благодарение на непосредната интервенција на медицинските служби на Кордоба, со посебна напомена на лекарите Хозе Мигел Бретонес, Антонио Ескрибано и Мартин Луна, физиолозите Алекс Руеда и Фран Плаза, како и д-р Вероника Арохо и кардиологот Хозе Марија Сегура, без да се заборави третманот што го доби секој од сите здравствените работници во болницата Кралица Софија во Кордоба.

– И покрај тешката ситуација, ја почувствувавме вашата поддршка и добрина, гестови кои никогаш нема да ги заборавиме. И на крај, благодарност до бело-зелените фанови, за секоја песна на охрабрување и што ја прави љубовта од Драги кон вас уште поголема. Вистинскиот воин е веќе на нозе. Затоа што велат дека воинот никогаш не се откажува, – гласи пораката на Немања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни