Синот на легендарниот Кевин Курањи ќе игра за Хрватска?!

Синот на поранешниот германски репрезентативец Кевин Курањи, Карло, се наоѓа на крстопат на кој треба да одлучи за која репрезентација ќе настапува. Кевин е роден во Рио де Жанеиро од татко Германец со унгарски корени и мајка од Панама, па можеше да бира помеѓу четири репрезентации, Германија, Унгарија, Бразил и Панама, но се одлучи да го носи дресот на Германците.

Сега неговиот син е пред сличен избор, иако во моментов за него нема повик од селекцијата на Германија, но има интерес од Панама, од каде што е неговата баба, но и од Хрватска, од каде што е неговата мајка.

Панамците веќе го планирале за нивната репрезентација за фудбалери до 20 години, но според медиумите, стигнал повик и од Хрватска, па фудбалерот со славно презиме веројатно ќе ја прифати понудата на татковината на неговата мајка, Хрватска.

Младиот Карло Курањи во моментов настапува за екипата на Штутгарт, но за екипата за фудбалери до 19 години и нема настап за сениорскиот состав.

- Оглас -

Најнови вести