Убиена е поранешна кандидатка за Мис Еквадор

од Илинка Илиоска

Еквадорската полиција соопшти дека поранешната кандидатка за Мис на Еквадор Ленди Парага (23) е убиена во ресторан во градот Кеведо, Еквадор. Тие изјавија дека прибираат и информации и докази за да ги разјаснат причините за убиството на манекенката.

Според Си-Ен-Ен, Парага учествувала на изборот за Мис Еквадор 2022, претставувајќи ја провинцијата Лос Риос.

Во декември 2023 година, во дел од разговорите објавени од Обвинителството во контекст на случајот „Метастаза“, каде се води истрага за организирана криминална структура, се споменуваше и нејзиното име.

Во разговорот, шверцерот на дрога Леандро Нореро загрижено му рекол на Хеливе Ангуло, администратор на имотот на Нореро, дека името на Парага се појавило во истрагата на обвинителството за перење пари и затоа тој не сака да биде поврзан со жртвата.

Поранешната кандидатка и модел за Мис на Еквадор, Ленди Парага не зборуваше јавно за случајот Метастаза во последните месеци и не беше процесуирана од Обвинителството.

 

Слични содржини