Одбиена жалбата на Нотингем Форест, останува казната од „минус четири“

Нотингем Форест не успеа во намерата да ја ублажи казната изречена од Премиер-лигата, со одземање на четири бода поради прекршување на финансискиот ферплеј.

„Шумарите“ веднаш по изречената санкција поднесоа жалба и се надеваа на преполовување на бодовната казна, но независната комисија што ја разгледуваше жалбата денеска и официјално објави дека истата е одбиена, а првичната санкција останува правосилна.

Ова значи дека Нотингем Форест на две кола до крајот останува на 17.место на табелата со три бода предност во однос на Лутон, кој се наоѓа на 18. позиција која значи преселба во Чемпионшип-дивизијата.

„Шумарите“ во следното коло ќе го пречекаат Челси, а потоа во последната рунда ќе му гостува на тимот на Барнли.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...