Breaking News

Францускиот парламент ќе ја испита сексуалната злоупотреба во киното


Францускиот парламент денеска се согласи да формира истражна комисија за да ги испита актите на сексуална злоупотреба и напади во киното и другите културни сектори по неколку неодамнешни обвинувања.


Националното собрание, или Долниот дом, едногласно се согласи со предлогот изнесен од актерката Џудит Годреше, која ги обвини режисерите Беноа Жак и Жак Дојон дека сексуално ја нападнале кога била тинејџерка.


И двајцата ги отфрлија обвинувањата. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА