Search

Глигор Кондовски: Мирко Попов ме мотивираше и ме врати на сцена

Јас со Мирко се познавав 20 години и тој беше човек кој не спојува сите нас во една мисија, покрај тоа што беше човек со нови современи прогресивни идеи, иноватор на современата македонска музика. Јас долго време не настапував на сцена и при еден разговор со Мирко тој ми кажа дека музиката мора да се презентира јавно и ме мотивираше, ме врати на сцена“, раскажа Глигор за читателите на Трн.

Во организација на Младински културен центар – Битола (МКЦ-Битола) денеска ќе биде отворена изложбата на уметничка фотографија „Импровизации“ на Глигор Кондовски.

„Изложбата која што се поставува во чест на Мирко Попов веќе беше изложена во месец ноември минатата година и тогаш изложбата ја отвори Мирко, поддржувачот на мојата работа. Изложбата се состои од фотографии од фестивалите Крај Вардарот џез снимени 2022 и 2023 година и од  ПМГ Рекордингс, Градот ме тера да пеам, двата последни фестивали.  Јас со Мирко се познавав 20 години и тој беше човек кој не спојува сите нас во една мисија, покрај тоа што беше човек со нови современи прогресивни идеи, иноватор на современата македонска музика. Јас долго време не настапував на сцена и при еден разговор со Мирко тој ми кажа дека музиката мора да се презентира јавно и ме мотивираше, ме врати на сцена“, раскажа Глигор за читателите на Трн.

Понатаму Глигор додава: „Мирко беше хардкор скопјанец, музичар, мултимедијален уметник, но и поет на современото време. Неговите текстови кажуваат многу за иднината на современата музика и општо за авангардната сцена на Македонија. Неговите текстови беа делумно социјални, општествени и многу аналитички за целото современо општество. Освестувачки текстови кои ги остави за младите уметници да слушаат, да се освестуваат и да им даде правец“.

На прашањето што ќе ти остане тебе како мисија од Мирко Попов, тој вели: „Треба сите ние да продолжиме да ја негуваме неговата работа, сето тоа што ни го остави. Треба и ние да продолжиме да ги мотивираме младите, да се потрудиме младите таленти, уметници да ги спојуваме во неговата мисија, односно нашата мисија, едноставно соработките да продолжуваат. Изложбата ја посветувам нему, тој ми ја отвори минатата година. Јас се надевам дека ќе продолжиме да соработуваме. И последната џез формација помина одлично, Владан ќе продолжи исто така да го работи неговото дело. Мирко имаше многу убави планови, сакаше да отвори радио, јас исто му кажував многу идеи, тој постајано ми велеше, Глигор се ќе направиме, се по ред. Тој беше единствениот човек кој би ми ја отворил во иднина вратата и јас да создадам нешто за современата класична музика.Тој беше отворен за големи соработки и постојано даваше ветар во грб на многу уметници и тој е причината заради кои тие го продолжиле своето дело.“

Изложбата ќе биде поставена во кафе барот Порта Џез во Битола. Фотографиите се сценски фотографии во вид на комбинирано спојување меѓу визуелна и аудитивна (музичка) импровизација специфична за џез музиката. Фотографиите се направени од фестивалите: ПМГ Рекордингс и Крај Вардарот Џез.

Проектот на МКЦ-Битола, Урбана Агенда – поддршка на независната културна сцена е финансиран од Швајцарската Амбасада во Скопје.

Најново

Последни колумни