Search

Фестивалот за јапонска култура „Сакура фестивал“ со промо настан – „ханами“ или гледање на цветови

Вчера во Кантина се одржа вториот промо настан на годинешниот фестивал за јапонска култура „Сакура фестивал“ под името „ханами“ или гледање на цветови. Учесниците на фестивалот уживаа во пролетта, во изложбата на колекциите на бонсаи дрвца на Bonsai trees Macedonia, Mansa bonsai, Tomas bonsai и во Мини Ханами базарот.

Посетителите, од кои најголем дел се учесници на годинешниов „Сакура фестивал“, се дружеа со Сакура Sour, јапонскиот UKIYO CHERRY BLOSSOM џин, Aphea Коктел со вистински цветови и Азиската храна. На Мини Ханами базарот учествуваа Animeshop, Factory girl, Chaotic dolls и Siena со уникатни рачни изаботни.

Овогодинешниот фестивал на Јапонска култура „Сакура фестивал“ со богата музичка програма, со изложби и работилници на различни теми, ќе се одржи на први јуни во Младинскиот Културен Центар.

Најново

Последни колумни