Мбапе и Дембеле го решија Лориен, ако Монако не победи вечерва, ПСЖ ќе ја слави титулата (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ славеа со 1:4 на гостувањето кај Лориен и голем исчекор кон освојување на титулата во француската Лига 1.

Светците по 30 кола имаат 69 бода, дури 14 повеќе од Монако кој има натпревар помалку и доколку тимот од кнежевството не слави вечерва, тогаш ПСЖ уште вечерва ќе ја освои 12-тата титула во Лига 1.

Двоецот во нападот на ПСЖ, Килијан Мбапе – Осман Дембеле ги постигна трите гола и потврди дека е подготвен за првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд кој ќе се игра за точно една седмица.

И двајцата фудбалери постигнаа по два гола и тоа рамномерно ги распределија, дадоа по еден во двете полувремиња.

Дембеле во 19-тата минута го отвори резултатот, а само три минути подоцна, Мбапе зголеми на 0:2.

Во второто полувреме, Дембеле во 60-тата минута ја завери победата на Светците.

Домаќинот кој во последните четири кола ќе се бори за опстанок во Лига 1, постигна почесен гол преку Мухамад Бамба во 73-тата.

Конечниот резултат го постави Мбапе во 90-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести