Тинејџери истепале германски пратеник

196
Против четири тинејџери е покрената истрага за напад на германски пратеник во Европскиот парламент Матијас Еке во Дрезден, соопшти денеска полицијата.
Еке(41) е претепан додека лепел предизборни плаканти за Социјалдемократската партија и е итно опериран.
Полицијата соопшти дека седумнаесетгодишник се пријавил самиот дека учествувал во нападот и дека потоа се идентификувани уште тројца младичи.
Сите четворица се германски државјани и имаат 17 и 18 години.