Поврзете се со нас

Шпанија

Чави имаше состанок со Лапорта, донесена е одлука за неговата иднина во Барселона

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Зад Барселона е тешка недела во која беа забележани два болни порази од Пари Сен Жермен и Реал Мадрид, меѓутоа мора да се гледа напред и клубот вечерва разреши едно важно прашање околу иднината на тренерот Чави Ернандес.

Чави пред неколку месеци или поточно по поразот од Вилјареал објави дека си заминува од клубот по крајот на актуелнава сезона, порака, став кој во неколку наврати го потврди во изминатиов период.

Управата пак беше порезервирана и веруваше дека може да дојде до пресврт, односно дека може да го обиде стратегот да остане на „Камп Ноу“ и во наредната кампања.

Денеска Чави имаше состанок со претседателот Жоан Лапорта, неговите најблиски соработници по што е имаме официјална одлука за иднината на стратегот, а таа е дека тој останува да ја води екипата до 2025 година.

Лапорта инсистираше Ернандес да остане и таа негова упорност даде резултат и Барса и во иднина ќе може да смета на својата легенда.

Се очекува токму Лапорта да се огласи и ја објави одлуката со одредени детали во текот на утрешниот ден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни