Економија 22.02.2024 11:56

Паневропскиот индекс STOXX 600 на историски максимум, доларот се повлекува од рекорното ниво

Паневропскиот индекс STOXX 600 на историски максимум, доларот се повлекува од рекорното ниво

Силниот раст на цените на акциите во технолошкиот сектор во четвртокот во претпладневното тргување го поттурна паневропскиот индекс STOXX 600 на највисокото ниво во историјата, а парискиот CAC, исто такам е на рекордно ниво.

Индексот STOXX 600 во првиот дневен пресек од тргувањето порасна за 0,65 отсто, на 494 поени. Парискиот CAC, исто така, достигна рекорд, зајакнувајќи за 0,8 отсто, на 7.871 поен. Франкфуртски DAX беше позначително во плус, за 1,12 отсто, на 17.309 поени, додека лондонски FTSE зајакна за благи 0,02 отсто, на 7.664 поени.

За доброто расположение на инвеститорите најмногу придонесоа добрите деловни резултати на американската технолошка компанија „Nvidia“, лидерот на индустријата за вештачка интелигенција. Во последниот квартал од минатата година „Nvidia“ оствари приход од 22,1 милијарди долари, дури 256 отсто повеќе од една година претходно, со раст на нето добивката од цели 767 отсто, на 12,3 милијарди долари Цената на нејзината акција на берзата во Франкфурт се зголеми за 11,5 колку.

Голем број компании денеска ги објавија минатогодишните деловни резултати, вклучително и „Rolls-Royce“, чиишто акции пораснаа за повеќе од 8 отсто, откако објавија речиси двојно поголем профит во 2023 година во споредба со претходната година. Но, акциите на швајцарскиот прехранбен гигант „Nestle“ паднаа за 4,7 отсто, бидејќи неговата органска продажба е малку под очекувањата на аналитичарите, откако компанијата продолжува да ги зголемува цените на своите производи, што ги натера некои клиенти да се свртат кон конкурентските брендови.

Истовремено во четвртокот, на девизните пазари американскиот долар продолжи да се повлекува од највисоките нивоа во последните три месеца, кои ги достигна минатата седмица. Индексот на доларот, кој ја изразува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, претпладнево изнесува 103,84 поени, што е за 0,92 отсто помалку од претходниот ден. Во исто време, курсот на еврото благо зајакна, за 0,18 отсто, на 1,0833 долари, а курсот на јенот ослабна за 0,13 отсто, на 150,26 јени за долар. ()