Лукароски: Тие што ме следат, а коишто планираат да гласаат за гордата Гордана, им се познати овие работи?

Дали на оние мои ФБ пријатели и тие што ме следат, а коишто планираат да гласаат за гордата Гордана, им се познати овие работи?
Во 1992 г., како член на Либерална партија, Гордана Силјановска Давкова станува дел од Владата на Бранко Црвенковски. Во 1993 г. ја злоупотребува службената положба и заедно со сопругот Благој Давков од Владата купуваат куќа од 134 м2 и плац од 545 м2 во најлуксузниот дел на Скопје, за ‘багателна цена’ (Договор за купопродажба бр. 8460/1384).
Во 1994 г. повторно ја злоупотребува службената должност како министерка без ресор и на својот сопруг Благој Давков му обезбедува влез во бизнисот со фришопови, преку кои дневно заработувале илјадници евра.
По изградба на ТЦ „Мавровка”, во, Силјановска Давкова со професорска плата успева да стане сопственичка на 10 деловни објекти во трговскиот центар. Тие дуќани (од кирии) ѝ носеле месечен приход од над 5.000 евра.
Во 2002 г. нејзиниот сопруг Благој Давков на сомнителен начин станал сопственик на земјоделската задруга „Доне Попов“ и за само 10.000 евра успеал да стане сопственик на 100 хектари современи лозови плантажи, најмодерна ергела со стотина расни коњи, 1.000 говедски грла, 300 пчелни семејства, земјоделска механизација, управна зграда со современа овчарска мандра, бензиска пумпа и други придружни објекти. По само еден месец од преземањето на задругата, се случила огромна трагедија во бачилата кога 1.000 овци и 500 јагниња од германската раса „винтерберг” биле оставени да умираат за храна. Задругата отишла во стечај, а парите од распродажбата на огромниот имот завршиле во џебот на Благој Давков.
Во 2011 г. нејзиниот син Павле Давков со потпис и одобрување од страна на Груевски станал дел од Управниот Одбор на „Злетовица“ , во времетрање од 6 години. Токму во овој период во претпријатието се случил најголемиот криминал во државата, тежок 70.000.000 евра. Државата добила јапонски кредит во висина од 70.000.000 евра за изградба на ХС „Злетовица“, но наместо странски изведувач, во проектот, по налог на Груевски, Управниот одбор каде членувал Давков заедно со тогашниот министер за земјоделство Ацо Спасеновски ја вметнува фирмата „Силекс неметали“ во сопственост на Ѕинго. Јапонците подоцна се повлекуваат од проектот, а над 100.000 граѓани од истокот беа оставени без чиста вода за пиење. Како награда од Груевски, на Давков во 2015 г. му се продолжува мандатот во УО на „Злетовица“, а Спасеновски станува амбасадор во Украина.
Во 2016 г. Гордана Силјановска Давкова, по наредба на Груевски, изработува Нацрт-закон со кој се амнестираат сите функционери на ВМРО ДПМНЕ опфатени со бомбите. Оваа амнестија по реакциите од јавноста беше повлечена од страна на претседателот Иванов.
Силјановска Давкова била членка на Либералната Партија, а во 1998 г. станува дел од Демократска Алтернатива. Денес „независната” е кандидатка од ВМРО ДПМНЕ.

ФБ став на Ацо Лукароски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e