📽️Драма во Париз: Уапсен маж кој се заканувал со експлозив во иранскиот конзулат

од Nikola Popovski

Париската полиција уапси маж кој претходно, како што се сомничи, се заканувал дека ќе активира експлозив во иранскиот конзулат во Париз.

Француската телевизија БФМ претходно објави дека непознато лице влегло во конзулатот, како што претходно изјавиле очевидци. Мажот наводно бил виден со експлозивна направа, граната или опасен експлозив.

Мобилизирани се специјални сили, а од безбедносни причини сообраќајот во областа, како и на една линија на метрото е прекинат, пренесува Ројтерс.

Да потсетиме, како што објави Си-Ен-Ен, утринава одекнале експлозии во централниот дел на Иран, а американски претставник за овој медиум изјавил дека нападот го извршил Израел. Сепак, нема официјално соопштение ниту од израелска ниту од иранска страна.

Слични содржини