15 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНие ги обучуваме, други ги користат – медицинарите со душа чекаат да...

Ние ги обучуваме, други ги користат – медицинарите со душа чекаат да дипломираат за да заминат во Германија

Студентите на Медицинскиот факултет во Скопје се соочуваат со нов предизвик: учењето на германски јазик паралелно со нивните редовни студии.

Оваа трендовска промена доаѓа како одговор на зголемената потреба за медицински кадар во Германија, која нуди привлечни услови за работа и живот.

Меѓу овие студенти е и Анa Марија од Скопје која е во третата година на Медицинскиот факултет.
Таа е една од многуте кои се одлучиле да ги зголемат своите шанси за успех во странство со учење на германски јазик.

„Немам што да кријам, планот ми е да заминам во Германија веднаш по дипломирањето. Германија нуди одлични можности за млади лекари, и сакам да ги искористам тие можности. Затоа, учењето германски јазик е клучно за мене”, ни изјави студентката.

Курсевите по германски јазик се популарни меѓу студентите, а многу од нив велат дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и важен чекор кон интеграција во германското општество и култура.

Додека некои студенти гледаат на ова како на практичен чекор кон подобра иднина, други изразуваат загриженост за иселувањето на образованиот кадар од Македонија.

Оваа тема отвора прашања за политиките на владата кон младите професионалци и нивните можности во домашната земја.

Со зголемувањето на бројот на студенти кои планираат да заминат, Македонија може да се соочи со сериозен бран на иселување на образованиот кадар, што би можело да има долгорочни последици за здравствениот систем на земјата.

Слободан Трендафилов од ССМ минатата недела изјави дека Македонија е една од ретките земји во светот којашто троши ресурси за обука на стручен медицински кадар, за потоа тие да си заминат и да работат во други земји.

„Паралелно со факултетот за медицина, студентите учат и германски јазик за да бидат подготвени да заминат кога ќе завршат. Овие луѓе заслужуваат далеку поголеми плати. Сега е доцна, тоа требаше да се случи во декември минатата година“, изјави Трендафилов.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП