ВИКЕНДОВ КАЗНЕТИ 300 БИТОЛСКИ ВОЗАЧИ, 11 ВОЗЕЛЕ ПИЈАНИ

    ВИКЕНДОВ КАЗНЕТИ 300 БИТОЛСКИ ВОЗАЧИ, 11 ВОЗЕЛЕ ПИЈАНИСВР Битола направи засилени контроли од 21 до 23 март, утвредни се по стотина прекршоци дневно (Фото: СДК.МК)

    Над 24 проценти (околу 300) од 1.245 возачи кои се проверени од СВР Битола во засилените контроли викендов, направиле прекршок и им биле издадени платни налози. Контролите се однесуваат на периодот од 21 до 23 март, значи по стотина прекршоци дневно.

    „Прекршоците по основ на брзината на движење повторно предничат, така што евидентиран е вкупно 121 прекршок, а откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола се 32, како и 4 возачи кои што управувале нерегистрирани возила. Покрај ова, изречени се и 17 мерки по основ на зборување на мобилен телефон при возење, како и 60 мерки за непрописно паркирани возила. Од вкупно 299 алкотестирани возачи, кај 11 возачи констатирано е присуство на алкохол и се исклучени од сообраќај“, соопштија од СВР Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира