Полицијата трага по лицето што пукаше во градоначалникот на Арачиново, неговиот возач се опоравува по операцијата

Полицијата трага по лицето што пукаше во градоначалникот на Арачиново, неговиот возач се опоравува по операцијата

21-годишниот возач на градоначалникот на Арачиново, е тешко повреден во вчерашната пукотница, но ќе се опорави откако итно беше опериран. Полицијата е на терен и трага по напаѓачот кој вчера рани двајца во вооружен напад врз градоначалникот Ридван Ибраими.

Според очевидците Ибраими бил спасен заради брзата реакција на едно од лицата кои биле со него. Се прегледуваат и безбедносните камери за да се фати пукачот од Арачаиново. Од тоа што е јавно познато е дека Ибраими има еден познат непријател, а тоа се членови на семејството Ајвази. Се работи за  семејството на првиот човек на огранокот на ДУИ и поранешен градоначалник на општината, Брахим Ајвази.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста