• среда, 24 април 2024

Годишното и изборно собрание на Дипломатскиот клуб – Скопје

Годишното и изборно собрание на Дипломатскиот клуб – Скопје

16 април 2024

Согласно Статутот на Здружението на граѓани Дипломатски клуб – Скопје, на 16 април 2024 година беше одржано редовното Годишно, изборно собрание на Клубот.

На дневниот ред на собранието се најдоа повеќе точки поврзани со активностите на Клубот во периодот 2022-2024 година, донесување на неколку одлуки важни за работата на здржението, избор на ново раководство на клубот, а се утврдија и нови иницијативи за делување.. Притоа, беше избрано и ново раководство на здружението, а за нов претседател беше избран амбасадорот Јова Теговски, додека беше оддадена благодарност и признание на работата и посветеноста на досегашното раководство на Клубот, особено на неговиот претседател, амбасадорот Огнен Малески.

Во дискусијата мошне позитивно беа оценети реализираните бројни и плодни активности и ангажманот на членовите на здружението, што придонесоа за негова натамошна амфирмација и видливост во домашната јавност и дипломатско-конзуларниот кор во нашата земја. Особено беше нагласена успешната соработка со неколку институции, како на пример со Факултетот за безбедност, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Правниот Факултет, Американскиот Универзитетски Колеџ Скопје, МАНУ и се реафирмираа заложбите за проширување на соработката со Министерството за надворешни работи. Исто така, стана збор и активностите на Клубот во наредниот двегодишен период, при што акцентот ќе биде ставен на одбележувањето на важни јубелии коишто се однесуваат на дипломатијата и на односите на македонски субјекти со странство, односно на дипломатските односи на нашата земја со други држави и на активностите во рамките на меѓународните организации.

Дипломатски клуб – Скопје

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан