fbpx

Од денеска ограничена цената на руската нафта, во Украина и понатаму се гине

-

Ограничувањето на цената на руската нафта што се транспортира по морски пат денеска стапува на сила, пишува весникот Гардијан. Ваквата мерка против Москва е договорена од земјите на Г-7, а целта е да се намалат приходите на Кремљ од фосилните горива и да се ограничи способноста на Москва да ја финансира војната во Украина.

Обединетото Кралство, Јапонија, Германија, Италија, Франција, Канада и САД, како и земјите-членки на ЕУ и Австралија постигнаа договор да воведат ограничување на цената од 60 долари за барел на руската нафта, откако Полска, која се залагаше за уште пониски цени, даде одобрување за договорот.

Инаку, Русија е втор најголем извозник на нафта во светот и веќе се спротивстави на ваквото ценовно ограничување.

Договорот дозволува руската нафта да се испорачува до трети земји со користење на танкери од земјите на Г-7 и ЕУ, осигурителни компании и кредитни институции, само доколку товарот е купен на или под границата од 60 долари за барел.

Сепак, критичарите, вклучително и Украина, велат дека ограничувањето нема да предизвика негативно влијание врз Русија, бидејќи цената од 60 долари за барел е над постојните цени на руската нафта од околу 52 долари за барел.

Од друга страна, Кина вели дека ќе ја продолжи енергетската соработка со Русија по ограничувањето на цената за извозот на нафта врз основа на почитување и взаемна корист. Кина веќе го зголеми купувањето на руските нафтени деривати оваа година.

Во Украина има нови загинати и повредени цивили во изминатово деноноќие. Руските сили дури 46 пати го гранатирале градот Херсон во текот на вчерашниот ден, при што еден цивил загинал во нападите. Уништени се станбени згради, куќи и други објекти во градот.

Под ракетни напади ноќта бил и градот Криви Рих во Днипропетровскиот регион. Била погодена и железарницата во овој град, а од руските напади загинало едно лице и тројца цивили се повредени, јавува Укринформ.

Во Харкивскиот регион, најмалку едно лице загина од руските ракетни напади на градот Купјанск. Цивилна инфраструктура била погодена откако руските сили стрелале со ракети од системи за противвоздушна одбрана С-300 во 4 часот наутро, пренесе Укринформ.

Руските власти пак ги обвинија украинските сили за гранатирање на градот Алчевск во Луханскиот регион, пренесува Гардијан. Во гранатирањето бил погоден градот, при што се регистрирани девет загинати лица.

Украинскиот генералштаб соопшти дека во текот на вчерашниот ден загинале 540 руски војници, со што вкупниот број на руски воен персонал што бил убиен од почетокот на воената агресија врз Украина се искачи на 91.690 војници, јавува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...