Тен Хаг сруши срамен анти-рекорд

од Vladimir Zorba

Покрај големото понижување од поразот од Кристал Палас со 0:4 во натпреварот од 36. коло на Премиер лигата, тимот на Манчестер Јунајтед мораше да го проголта и фактот дека беше срушен уникатен антирекорд во инаку славната историја на клубот.

Тековната сезона 2023/2024 стана првата кампања во која „црвените“ од Манчестер ја минаа границата од 13 порази во ерата на Премиер лигата.

Уште понепријатно за Ерик тен Хаг е што до крајот на сезоната неговите играчи имаат уште три натпревари да одиграат и менаџерот може да запише нови и невидени ниски падови.

Дали тоа ќе се случи останува да видиме од домашните натпревари против Арсенал на 12 мај (недела) и Њукасл на 15 мај (среда), како и на гостувањето кај Брајтон на 19 мај (недела).

Слични содржини