Баерн Минхен сега ќе го убедува Тухел да остане

Откако доби „корпа“ од четири тренери, Баерн Минхен сега ќе го убедува Томас Тухел да остане на кормилото и следната сезона. „Баварците“ беа одбиени од Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман, Роберто де Зерби и Ралф Рангник.

Тухел и раководството на Баерн претходно се договорија да се разделат по завршувањето на сезоната. Меѓутоа навивачите веќе почнаа потпишување на петиција за негово останување.

Исто така според германските медиуми, било разговарано и со дел од играчите, меѓу кои и капитенот Мануел Нојер кој кажал дека нема никакви проблеми со тренерот, и дека нема ништо против тој и натаму да ја води екипата.

Тоа се доволни показатели дека Тухел може да остане и во следната сезона. Баерн Минхен никако не може да најде предводник по информацијата дека сегашниот Тухел по завршувањето на сезоната ќе го напушти таборот на „Баварците“.

Се вчитува...