ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Реорганизацијата на администрацијата ќе испрати многу директори дома

Реорганизацијата на администрацијата ќе испрати многу директори дома

Реорганизацијата на јавната администрација ќе испрати многу директори дома, додека голем дел од членовите на Управните совети на дирекции и агенции ќе добијат административна работа. Алсат дознава дека од анализите, ниту едно министерство не се покажало како непотребно, но затоа многу управи и агенции ќе бидат претопени во соодветните министерства.

На пример, Академската истражувачка мрежа МАРНЕТ, ќе згасне и ќе стане посебен сектор под Министерството за образование и наука. Во моментов оваа институција има директори, управен совет и вработени.

Ќе биде згаснат и Инспекцискиот совет. Оваа институција има претседател, генерален секретар и 10 раководители на различни сектори, од кои сите се очекува од 2024 година да станат администрација во Министерството за информатичко општество.

Управата за водење на матични книги во моментов е под Министерството за правда, но експерти препорачаа таа да се спои со Агенцијата за дигитализација, а раководителите ќе останат без своите позиции.

Дознаваме дека Артан Груби е заинтересиран да добие Одделение за соработка со невладините организации во рамките на министерството што го води. Оваа функција сега е под Генералниот секретаријат и Агенцијата за млади и спорт. Од друга страна, иако некои управи се покажале како непотребни, голем број директори вршат притисок тие да не се згаснат, за да не ја загубат функцијата.

И покрај тоа што секоја година најголем дел од државниот буџет оди за плати за јавната администрација, министерот за администрација Адмирим Алити, тврди дека со реорганизацијата ниту еден вработен нема да остане без работа. Но, со ова не се согласува професорот од Правниот факултет при УКИМ, Борче Давитковски.

Според Давитковски, заедно со јавните претпријатија и државните акционерски друштва, секоја година 1/4 од државниот буџет оди за 200.000 вработени. Тој не е оптимист дека може да има позитивни реформи без да се преземат храбри чекори, како што се отпуштање на непотребните и воспоставување систем за напредок според заслуги, што ќе им стави крај на партиските вработувања. Од јануари 2024 година, овој процес треба да добие посебна форма, а во моментов се спроведува во три министерства како пилот проект./Alsat.mk

Ардит Рамадани

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button