Пуштено во употреба новото детско игралиште во село Долни Балван

Официјално од денеска може да се користи детското игралиште во село Долни Балван. Проектот заврши целосно со што се постави нова тартан подлог, нови детски реквизити, со што жителите од ова населено место добија катче каде што може да го минуваат своето слободно време. Ова детско игралиште е во склоп и се наоѓа веднаш до веќе постоечкото спортско односно повеќенаменско игралиште. Градоначаникот, Виктор Паунов од лице место посочи дека продолжуваат со реализација на веќе започнатите проекти.

„Овде сме со повод да го преставиме проектот кој е завршен во текот нна вчерашниот ден. Од денеска па натаму официјално ова детско игралиште ќе биде ставено во фукција за оние кои имаат потреба да рекреираат, а тоа се најмалата категорија на граѓани. Ова детско игралиште е изградено во рамки на програмата за работа на Општина Карбинци за оваа година и општината ќе продолжи да работи паралелно со изградба и на другите проекти кои се веќе во тек.“ – вели Паунов.

Со помош на ова детско игралиште се подобрува начинот на живот и преставува показател како треба да изгледа една модерна општина, со уредени повеќе населени места, посочи Паунов.

„Во идно време треба да продолжиме засилено, треба да се инвестира во општините и ова е ликот на општините кои треба да биде образот на партијата, како треба да изгледа една општина. Тоа е по принципот токму на ова детско игралиште“ – додава Паунов.

Паунов истакна дека во периодот кој следи ќе продолжат активностите на терен и во останатата инфраструктура и подобрување на начинот на живот на граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет