Регион

Приведени скопјани и струмичани, агресивно се однесувале кон полицијата, а пронајдена им е и марихуана

На 16.3.2024 година во 17:30 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Р.А.(30) и Р.А.(22) и двајцата од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници, кои извршувале службени задачи. При преглед на Р.А. (22) била пронајдена и марихуана. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.3.2024 година во 23:00 часот во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Т.Н.(33) од Струмица. При преглед на истиот била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Препорачуваме:

Отворен филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран

Ѓ. K.

Дизелот од ноќеска со нова поевтина цена

Ѓ. K.

Се зголемува бројот на заболени од дијабетес во Струмица

Сузана Мицева